„Небото над Скопје“- изложба на фотографии на Ерина Богоева

Оваа сабота и недела, во просториите на Дом на културата „Кочо Рацин“, ќе биде отворена изложбата „Небото над Скопје“ на Ерина Богоева, која ќе биде во склоп на програмата на Бела ноќ.

Изложбата на фотографиите, според авторката, е поздрав кон животот поминат во нејзиниот роден град. Изложбата е благодарност за сите настани доживеани токму под тоа небо.

Преку урбаните пејзажи се отсликуваат различните состојби на тоа небо, а преку него и на нашиот живот: некогаш романтично, некогаш живописно и сликовито, а некогаш сиво, секогаш свое и најчесто познато.