„Не во наше име“ – 16 граѓански организации бараат итно повлекување предложените измени на Кривичниот законик

16 граѓански организации бараат итно повлекување на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик по скратена постапка со образложение дека измените ќе овозможат во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат и со тоа да не се одговара на криминалот.

Тие најавуваат дека попладнево барањето ќе го достават во писмена форма до Претседателот на Собранието и пратениците.

„Неприфатливо е да се менува Кривичниот законик и кој било друг закон за да се избегне правдата и да се продолжи со заробување на државата од политичките партии. На овој начин се амнестираат криминалот и корупцијата, и продолжува неказнивоста“, стои во барањето.

На барањето се потпишани следните граѓански организации:

Фондација Отворено општество – Македонија

Фондација за интернет и општество Метаморфозис

НВО Инфоцентар

Центар за европски стратегии Евротинк

Форум – ЦСИД

Коалиција „Сите за правично судење“

Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

Македонско здружение на млади правници

Агора Центар за промовирање на граѓански вредности Скопје

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Kоалиција МАРГИНИ

Центар за современи уметности

Институт за европска политика – Скопје

Институт за човекови права