Лили Абдулајева, која вели дека и ги украле парите од награди и била намамена да зема дроги откако се преселила во Азербејџан, ја открива темната страна на атлетиката, каде Африканските атлетичари ги купуват богати нации и ги експлоатираат.
Абдулајева, која живее во Адис Абаба, Атиопија, со своето 13-месечно бебе и семејството на нејзиниот сопруг, има вообичаен живот. Куќата изгледа како и секоја друга. Поразлични се само нејзините медали кои ги чува во торба.
Таа раскажува за потемната стана на елитната атлетика и купувачите од арапските нации и Блискиот исток. Некои атлетичари, открива, ги оттргнуваат настрана кога веќе не победуваат.
„Не третираат како робови“, вели Лили.
Има десетина медали, неколку од нејзината јуниорска кариера кога била една од најголемите таленти на Етиопија. Во 2009 година, Лили, која сега има 26 години, била забележана од локален клуб во Адис Абаба од турски тренер, кој ја натерал да „покаже лојалност“ кон Азербејџан.
„Ми ветија добра плата, куќа и скапи автомобили, ако победувам на трки“, вели таа. „Но, не добив ништо од тоа. Ми ги украдоа парите од награди, ме натераа да се дрогирам и би го советувала секого да не прифаќа нешто такво“.
Таа не е единствената атлетичарка која ја сменила националноста. Во само еден ден минатата година – пред Олимпијадата во Рио, Интернационалната атлетичарска асоцијација имала 25 апликации за менување на претставници на репрезентацијата.
На Европскиот шампионат во Амстердам минатото лето, Турција имаше најуспешен настап, освојувајќи 12 медали, од кои шест од претходно кениски атлетичари.
Но, заедничка истрага на Гардијан, германската телевизија АРД и Холанд Медиа, открива дека некои од овие спортисти кои се натпреваруваат под туѓо знаме, се ужасно третирани, не им се даваат парите за награди, а понекогаш се сместувани и во нечовечки услови.
Лили, чие име било Лаје пред да се натпреварува за Азербејџан, тврди дека и понудиле 300 долари на месец, со можност да пораснат до 1.000 доколку има добар резултат. Во првите неколку месеци, освоила европско сребро, но парите не дошле до неа. Добивала само по 150 долари на месец.
„После осум месеци, го прашав тренерот зошто не ми се исплатени тие 1.000 долари и се заканив дека ќе го прашам претседателот на федерацијата каде ми се парите“, вели таа. „Само што го кажав тоа, ми даде пари од својот џеб на лице место. Се испостави дека ги чувал за себе“.
Лили продолжила со успесите, промовирајќи ги интересире на азебрбејџанската влада, која се обидуваше да биде забележана на „спортската мапа“ во изминатите години, а беше и домаќин на инаугурационите Европски игри и Формула 1 Гран-при. Сепак, големата желба за медал на Олимпијадата во Лондон 2012 довела до тоа тренерите на Лили да ја натераат на допинг.
„На Стокхолмската дијамантска лига во 2011 бев повредена, но ме натераа сепак да се натпреварувам“, раскажува таа. „Откако се загреав, тренерот Митин Сесак дојде до мене и ми рече: „Лили, отвори ја устата“. Ми стави таблета на јазикот и ја проголтав. Конечно, собрав храброст да прашам што ми даде и рече: „Ќе ти помогне ако си исплашена, за да имаш сила““.
Пред Олимписките игри, редовно и давал инјекции на супстанца, која подоцна дознала дека содржи тестостерон.
Сесак сега е доживотно забранет од атлетиката, како резултат на случај воден од турските анти-допинг агенции.
Лили си заминала од Азербејџан после четири години настапување под нивното знаме. Во 2013 година добила 25.000 долари од владата како награда за златен медал на трка. Но, тврди дека Атлетската федерација на Азербејџан зела 7.000 долари од тие пари и одбила да и ја плаќа спортската плата.
„Ветија дека остатокот од парите ќе ми стигнат кога ќе се вратам во Етиопија, но никогаш не ги добив“, вели.
Азербејџан не е единствена држава која тргува со атлетичари. Секој олимписки медал освоен од Бахреин, го освоил атлетичар роден во Африка.
Себастијан Ко, претседател на Интернационалната атлетичарска организација, вели дека ќе биде поставена работна груа за да состави нови прави за спортот до крајот на годината. Тој признава дека претходните „режими“ на федерациите не успеале да го решат овој сериозен проблем.
„Спортистите не се трговско добро. Тие се човечки битија, а ние сакаме најдобрите спортисти на својата генерација да се натпреваруваат и да го застапуваат нашиот спорт. Не сакаме спорт во кој со нив се тргува во сенка. Тоа не е нешто што можам да го осудам“.
За Лили веќе е предоцна. Повреда на петата и била влошена од смрзнувачките температури во тренинг камп во Белорусија, каде било толку ладно што на автомобилите не им палеле моторите и училиштата биле затворени.
Сега се вратила во Етиопија и повторно тренира после раѓањето на нејзиното прво дете. Но, нејзината шанса да ги брани боите на земјата која ја сака поминала.
„Дадов сè од себе Азербејџан“, вели таа. „Тренирав напорно и трчав добро, но на крајот ме третираа како ѓубре“.