Не си „ин“ ако не зборуваш „кул“: Младите го менуваат македонскиот јазик

Младите луѓе денес, сè почесто ги менуваат родовите во обраќањето, користат лексика несоодветна на македонскиот јазик, а сè со цел да бидат различни од другите, пишува Телеграф.

Не си „ин“ ако не зборуваш „кул“: Младите го менуваат македонскиот јазик

Разговараат две девојчиња, на „Фејсбук“, едното на другото му вели:

„Не можам да се освестам брат…”

За миг останувате вџашени, од употребата на брат во комуникацијата меѓу две девојчиња, но веднаш сфаќате дека тоа за нивната генерациска возраст е сосема нормално и едноставно средината во која растат „го бара тоа од нив“.

Во нивниот речник, со цел да бидат модерни и различни од останатите, често се употребуваат и други неправилни форми на изразување како што се:

Као да, “ наместо „како да…“

Или, пак, кога се допишуваат на „Фејсбук“, наместо букви се користат бројки за пишување, како што е во примерот:

4еститки, “ наместо „честитки“.

Многу модерен термин меѓу младите луѓе денес е „иначе“, што е замена за „инаку“ и „уствари“ за „всушност“.

Младите луѓе денес, сè почесто ги менуваат родовите во обраќањето, користат несоодветна лексика на македонскиот јазик, а сè со цел да бидат различни од другите и секако модерни или како што тие самите ќе кажат „ин“ или „тренди“.

-За жал, тоа станува нормално. Секако дека голено влијание има глобализацијата, честата употреба на интернетот доведува до таквото уништување“ на македонскиот стандарден јазик од страна на младите луѓе – вели професорот Томислав Треневски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје

Како што вели тој, секоја генерација со себеси носи свои обележја. Но како што потенцира Треневски, кај денешната младина премногу се користат странски зборови, неправилни родови форми, зборување на дијалекти во нивната неправилна форма, и тоа сè со цел да бидат различни, модерни или како што велат „ин“.

Секој млад човек по природа на нештата има отпор кон нормите и правилата кои им се наметнуваат. Тоа го разбирам, но сметам дека треба да се внимава да не се претера – вели Треневски за порталот.

Според него, наставниците од основните училишта недоволно ги советуваат учениците за правилната употреба на македонскиот јазик.

Директорката на Основното училиште „Лазо Анѓеловски“ од Општина Аеродром, пак, вели дека училиштата и наставниците по македонски јазик, секојдневно работат со учениците во обид да ги отстранат неправилните форми во нивното изразување.

Прочитајте го целиот текст на следниот линк.