Илјадници граѓани се очекува денеска да маршираат низ центарот на Барселона за да го демонстрираат нивниот отпор против тероризмот по минатонеделните смртоносни напади.
Шпанскиот град уште се наоѓа во жалост по смртта на 15 луѓе, откако комбе со голема брзина удри во пешаците на централниот булевар Ла Рамбла, како и автомобилот кој удри во пешаци во блискиот крајбрежен град Камбрил.
Синоќа илјадници граѓани на Камбрил маршираа низ градот со извици: „Не се плашиме“, додека истата порака ќе се користи како слоган и на маршот во Барселона.
На маршот ќе присуствува и шпанскиот Крал Фелипе VI, со што ќе стане прв шпански владетел кој ќе учествува во демонстрации од реобновата на монархијата во 1975 година, по смртта на диктаторот Франциско Франко.
Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, ги повика Шпанците да излезат во голем број и да ја покажат нивната љубов и солидарност со каталонскиот регион, каде се случија нападите.