„Не ја допирајте мојата џамија“ – акција по исламофобични напади во Шведска

Стотици луѓе се собраа во трите најголеми градови во Шведска, Стокхолм, Гетеборг и Малме, за да ги осудат исламофобичните напади во земјата со мотото „Не ја допирајте мојата џамија“. Муслиманска заедница во оваа држава неодамна се соочи со серија исламофобични напади, но голем број граѓани возвратија со „љубовна бомба“ кон локалната џамија во знак на нејзина поддршка.

Откако антимуслиманска порака беше напишана на ѕид од џамијата во Упсала, стотици жители се собраа да постават пораки во облик на срце кон влезот на зградата, пред да започнат молитвите во петокот.

Претходниот ден, полицијата соопшти дека бил фрлен молотов коктел кон верскиот објект, но ништо не се запалило.

Во јжниот дел од земјата пак, џамијата во Еслов претрпе делумно оштетување по пожар за кој полицијата смета дека е подметнат.

За време на католичкиот Божиќ, пет лица беа повредени во Ескилстуна откако бензин бомба била фрлена низ прозорец од џамија. Шведска, позната по својата толерантност од неодамна се соочува со верска апатија како што се повеќе се зголемува дебатата околу имиграцијата.