Студенти иницираат еко-акција на УКИМ

Студенти на 6 март од 12 часот организираaт еко-акција на Универзитетот „Кирил и Методиј“ (УКИМ).

Зборно место е кај споменикот на Св. Кирил и Методиј.

Студентите велат дека веќе подолго време комплексот УКИМ е мета на загадувачи кои исфрлаат секаков тип на отпад.

„Во последно време се забележува и кабаст отпад кој е остаток од мебел. Преку оваа акција сакаме да испратиме порака навистина ни значи во каква средина се развиваат младите секојдневно“, потенцираат студентите.

Од таму искрено се надеваат дека нема да има потреба од редовни акции на истата локација.

„На акцијата се добредојдени сите оние кои не сакаат државава да наликува на депонија“, стои во најавата за еко-акцијата.

Исто така, напоменуваат дека е планирана и координација со други факултети, со цел акцијата паралелно да се одвива и на останатите факултети.