„Навредлив“ робот со способност да деконцентрира гејмери

Според студиите на „Карнеги Мелон“, играчите на видео-игри играат полошо кога се навредувани – дури и кога навредите доаѓаат од робот.

Истражувачите од Универзитетот „Карнеги Мелон“ ги замолија учесниците да играат логичка игра со Пепер, личен робот-асистент од SoftBank. Роботот даваше охрабрувања, но и благи навреди. ‘Гејмерите’ играа подобро кога Пепер беше позитивен, но правеа помалку рационални одлуки кога роботот ги навредуваше.

Досегашните истражувања покажуваа дека навредите предизвикуваат пад на продуктивноста во конкурентни средини.
Една студија објавена на почетокот од годинава, покажа дека гејмерите кои играат „Марио Карт“ станале расеани кога нивните противници користеле навредлив јазик. Навредите на Пепер се благи во споредба со некои од навредите со гејмерите се соочуваат на интернет. Роботот може да го нарече противникот „страшен играч“ или да каже дека нивното играње „е збунувачко“.

Но, истражувачите откриле дека играчите имале помали резултати на 35 игри со Пепер, кога мислеле дека роботот се обидува да ги деконцентрира со груби зборови.

Феи Фанг, една од коавторите на трудот и доцент на „Карнеги Мелон“, изјавила дека ова е една од првите студии што ги разгледува човечките интеракции со некооперативни роботи.
„Можеме да очекуваме домашните асистенти да бидат соработници – но во ситуации како што е онлајн купување, роботите можеби нема да ги имаат истите цели како нас“, посочила г-ѓа Фанг.

Трудот беше рецензиран и објавен од страна на 28-та Меѓународна конференција на IEEE за Роботи и Човечка интерактивна комуникација.