Наумче Мојсовски е новиот директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Наумче Мојсовски вчера, на владина седница, официјално беше назначен за нов директор на Агенцијата за млади и спорт.

40-годишниот Мојсовски во политиката влезе по богата спортска кариера. Во клупската кариера ги носеше дресовите на македонските „Вардар“ и „Металург“ а беше дел и од најдобриот период на македонската ракометна репрезентација, помеѓу 2009 и 2016 година и беше дел од тимот кој го освои петтото место на европското првенство во Србија во 2012 година.

Минатата година беше назначен за претседател на Комисијата за спорт на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Тој доаѓа на функцијата на местото на Дарко Каевски, кој беше избран за пратеник во Собранието.