Науката во акција, 16-годишната Елиф го менува светот

Науката во акција, 16-годишната Елиф го менува светотДа се биде гениј, рекол  Томас Едисон, значи да се има еден процент талент и 99 проценти работа. Тој би пронашол сродна душа во Елиф Билгин, 16-годишната ученичка од Истанбул која стана добитник на наградата  „Науката во акција“ на списанието Сајентифик Американ. Елиф заработи  50 илјади долари за нејзиниот изум со кој може да се реши еден од големите проблеми на денешнината, пренесува познатото списание.

Елиф ја заслужила наградата откако минала две години усовршувајќи го процесот за добивање биопластика од кори од банани. Сега, кога тоа конечно ѝ успеало, нејзината постапка може да се користи за добивање еколошки прифатлива пластика која лесно се разградува, независна е од нафтата и не ѝ штети на животната средина, а се користи за изолација на кабли.

„Ако мене ме прашате, ова значи дека мојот проект има потенцијал да стане решение на големиот проблем со загадувањето предизвикано од обичната пластика. Ова исто значи дека го почнав процесот на менување на светот, поради што веќе се чувствувам како победник“, изјавила Елиф.

Извор:Мкд.мк