Научно-истражувачка студентска конференција на Економски и Правен факултет од 20 до 22 октомври

Од денеска (20 октомври) до 22 октомври од 16:30 до 19 часот ќе се одржува Научно-истражувачката студентска конференција на Економски и Правен факултет.

Онлајн конференцијата е во организација на факултетските студентски собранија на Економски и Правен факултет, а со поддршка на УСС – УКИМ.

Меѓу другото, на агендата во првиот ден се предавања и дискусии за технолошки иновации, иднината на  новата дигитална ера и глобализација, но и за влијанието на Четвртата индустриска револуција.

Потоа, вториот ден се најавени онлајн настани за еднаквост и социоекономскиот развој, а на последниот ден и за конфликти и равој на институции, поврзаноста помеѓу нивото на развој на демократијата и економскиот раст, градење лидерски способности преку личен и професионален развој…

Целосната програма и деталите за конференцијата ТУКА.