Абиџит Банерџи, Естер Дуфло и Микаел Кремер се добитниците на Нобеловата награда за економија за 2019 година, соопшти Нобеловиот комитет.
Тие наградата ја добиваат за нивниот „експериментален приод за ублажување на глобалната сиромаштија“.
„Добитниците на овогодишната награда воведоа нов приод кон стекнување веродостојни одговори околу најдобриот начин за справување со глобалната сиромаштија. Накусо, тој вклучува делење на прашањето на помали, полесни за управување, прашања – како на пример, најефективните интервенции за подобрување на образовниот успех или детското здравје. Тие докажаа дека овие помали, попрецизни прашања, често најдобро се одговараат преку внимателно дизајнирани експерименти врз луѓето кои се најзасегнати“, велат од Нобеловиот комитет.
„Работата на овогодишните добитници на Нобеловата награда драматично ја подобрија нашата способност да се бориме со сиромаштијата во пракса. Како резултат на една од нивните студии, повеќе од 5 милиони деца во Индија имаа голема корист од програмите за индивидуално туторство во училиштата“, додаваат од Комитетот.
This year’s Laureates have introduced a new approach to obtaining reliable answers about the best ways to fight global poverty. It divides this issue into smaller, more manageable questions – for example, the most effective interventions for improving child health.#NobelPrize pic.twitter.com/faQTTZhJqI
— The Nobel Prize (@NobelPrize) October 14, 2019
Дуфло стана само втората жена добитничка на Нобеловата награда за економија, по Елинор Остром, која оваа награда ја доби во 2009 година. Таа истовремено стана и најмладата добитничка на Нобеловата награда за економија.