Научниците ќе ја лансираат првата машина за чистење пластика од океаните

Научници работат на пуштање на првата машина за чистење на енормните количини пластика од океаните., пишува Индепендент. Системот осмислен од тинејџер ќе биде пренесен летово до Големата депонија во Пацификот, пловечки остров од пластични отпадоци и други загадувачи во северниот дел на Тихиот Океан, помеѓу Хаваи и Калифорнија кој содржи околу 1,8 трилиони парчиња пластика.

Тоа ќе биде првиот обид за справување со проблемот на местото преполно со пластичен отпад, откриено во 1997 година. Експертите веруваат дека машината треба да биде во можност да собере половина од пластиката, околу 40.000 тони во рок од пет години.

Во изминатите неколку недели тие беа зафатени со заварување на гигантските цевки кои ќе се стават на површината на морето и ќе го формираат скелетот на машината, создавајќи ја најголема лебдечка бариера која досега била направена. Големата депонија во Пацификот опфаќа 617.763 квадратни милји, или повеќе од две Франции, и содржи најмалку 79.000 тони пластика, според податоците откриени минатиот месец.

Главно се работи за делови од напуштена и изгубена опрема за риболов, како што се мрежи и јажиња, честопати од нелегални рибарски бродови.

Според научните истражувања, овој отпад секоја година убиваат повеќе од 100.000 китови, делфини и фоки. Истовремено расте бројот на морските птици и другиот морски свет кои се пронајдени мртви со стомаци полни со мали парчиња пластика. Тие ја јадат пластиката фрлена во морето мислејќи дека е храна, но потоа изгладнуваат до смрт затоа што не се хранат како што треба. Други животн се заглавуваат и умираат од глад или се задавени и задушени од ѓубрето во овој дел на океанот.

Секоја година повеќе од 8 милиони тони пластика се фрлаат во океаните, пресметува Фондацијата во САД која се занимава со овој проблем. И до 90 проценти од пластичните материјали во светот никогаш не се рециклираат, а научниците веруваат дека речиси секое создадено парче сè уште постои некаде, во некоја форма, при што повеќето заврѓуваат во депонија или во околината. Пластиката за еднократна употреба, како што се шишиња со вода и пелени, ќе се распаднат по дури 450 години.

Системот за справување со најголемата маса на ѓубре во Пацификот е дизајниран од непрофитната технолошка фирма „The Ocean Cleanup“, формирана од холандскиот пронаоѓач Бојан Слат, кога бил 18-годишен студент.

„Проблемот со загадувањето од пластика отсекогаш бил познат како нешто нерешливо. Приказната отсекогаш била ‘во ред, не можеме да го исчистиме – најдоброто што можеме да направиме е да не го влошиме’. За мене тоа е многу невкусна порака“, вели младиот Слат.

Машината за чистење се состои од цевки со голем дијаметар, кои иронично, се изработени од пластика. Тие ќе бидат вградени заедно за да формираат една долга цевка. Наполнети со воздух, тие ќе пловат на површината на океанот во лак и ќе имаат најлонски екрани што ќе висат под нив,  формирајќи огромна лебдечка мрежа што ќе го лови пластичното ѓубре што се собира на едно место поради движењето на  струјата. Мрежите, сепак, нема да можат да ги фатат малите пластични фрагменти, а рибите ќе можат да избегаат со пливање под нив.

Тимот за чистење на океанот има цел да ги започне со работа на системот од брегот на заливот Сан Франциско за неколку недели. Слат имаше 16 години и сè уште беше на училиште кога нуркаше во Грција и за прв пат го виде количеството на пластика што го загадува морето.

„Имаше повеќе вреќи од рибите таму”, се сеќава тој. Две години подоцна тој излегува со решение, се откажува од универзитетот и по шест месеци ја прави компанијата „The Ocean Cleanup“.

По кампањата за финансирање која привлече 1,57 милиони фунти, а подоцна и инвестицијата која изнесува вкупно 28,56 милиони фунти, компанијата сега има 65 вработени, вклучително и истражувачи и инженери.

Слат, 23, вели дека првата тура пластика што ќе пристигне на брегот ќе биде главна пресвртница.

„Ние како човештво го создадовме овој проблем, па мислам дека е наша одговорност да помогнеме да се реши“, вели тој.