Научници во Дубаи создадоа вештачки дожд за да се изборат со високите температури

Властите во Дубаи ангажираа научници за да направат да врне дожд, откако градот се соочи со високи температура од 50 степени Целзиусови, пренесува Индепендент.

Во обид да се справат со екстремните временски услови и да ги зголемат врнежите, властите се свртија кон иновативната технологија за да го направат ова возможно.

Во 2017 година, Обединетите Арапски Емирати вложи 15 милиони долари во девет проекти за создавање вештачки дожд. Истражувачот од Универзитетот во Ридинг, професор Маартен Амбаум, работеше на проект, чија цел е да се спојат капките вода преку електрични импулси.

„Кога капките ќе се спојат и бидат доволно големи, тие ќе паднат како дожд“, рече тој за BBC.

Користејќи ја моќта на дронови, засилениот дожд „ослободува електрични полнежи во облаци со цел тие да се збијат заедно и да формираат врнежи“.

Дроновите ги пресретнуваат облаците со електрична енергија што ќе ги присили капките вода да паѓаат како дожд. На овој начин, не се потребни никакви хемикалии и се вели дека се повеќе еколошки.

Од високи температури, сега во делови од земјата каде што е пилотирана новата технологија, има дури најави за невреме од жолта фаза.