Научници успејаа да сместат податоци во атоми

Тим истражувачи od Техничкиот универзитет на Делфт, Холандија, штотуку направи огромен чекор напред во сместувањето информации. Нивното истражување, во рамки на кое успеале да сместат податоци во индивидуални атоми, е објавено и детално опишано во весникот Nature Nanotechnology.

За да го изведат овој речиси невозможен зафат, користеле скенирачки тунелен микроскоп со екстремно остра игла за да ги преместуваат атомите. Откриле дека атомите на хлор врз слој од бакар формираат совршена квадратна мрежа, што им овозможило да го менуваат аранжманот на атомите и да сместуваат информации во нив.

Во овој случај, тие создале меморија од 1 килобајт. Со поголем размер, ова може да достигне меморија со капацитет од 500 терабити на квадратен инч, што е 500 пати подобро од било што комерцијално достапно денес.

„Во теорија, овој капацитет за сместување ќе овозможи сите книги кои некогаш биле напишани од човештвото да се сместат на површина од една поштенска марка“, изјавил главниот научник во проектот, Сандер Оте од Делфт.

Во моментот, за податоците да бидат сочувани, неопгодно е меморијата да се чува во вакуум, на нормална температура на течен азот (-196 степени Целзиусови). Но, истражувачите велат дека методот може да се користи за поголеми размери и допрва ќе работат на него.