Научници тврдат дека создале батерија која работи на воздух и светлина

Истражувачи од државниот универзитет во Охајо тврдат дека ја создале првата соларна батерија. Тие создадоа обоени сензибилизирани соларни ќелии кои ја собираат својата моќ преку „дишење“ на воздухот, по што се распаѓаат и повторно создаваат литиум пероксид. Нејзините творци веруваат дека уредот, кој ефективно комбинира батерија и соларна ќелија во едно би можел да ги намали трошоците за обновлива енергија за 25 проценти.

„Уметноста е да се користи соларен панел за да се фати светлината, а потоа да се искористат евтини батерии за складирање на енергијата. Ние ги интегриравме двете функции во еден уред. Во секое време кога го правете тоа, се намалуваат трошоците“, објаснува професорот Yiying Wu.

Новиот дизајн користи три електроди, што е спротивно на вообичаените четири. На дното се наоѓа литиумска плоча, врз која има слој од електролит, тенок лист од порозен јаглерод, а потоа уште еден слој на електролит.

Електроните во поврзаната батерија хемиски го распаѓаат литиум пероксидот во литиумски јони и кислород, така што кислородот ќе се испушти во воздухот, а литиумските јони се чуваат како литиумски метал. Кога батеријата ќе се испразни, го повлекува кислородот од околината и го троши така што повторно се создава литум пероксид, шо што циклусот може да се повтори.

Истражувачите направиле прелиминарни тестови со хематит (‘рѓа) фотоелектрода за да го замени титаниум оксидот чувствителен на боја со што би се овозможило поголема стабилност.

Поширокото навлегување на обновливите извори на енергија во моментов е ограничено од високиот сооднос на цената на производствената енергија и од трошоците кои доаѓаат со складирање на енергијата. Американското министерство за енергетика ќе го финансира понатамошното истражување, додека универзитетот ќе ја лиценцира соларната батерија за индустријата и ќе ги подобрива нејзините перформанси.