Научници тврдат дека го откриле идентитетот на уметникот Бенкси

Истражувачи на Универзитетот на кралицата Мери во Лондон тврдат дека вистинското име на уличниот уметник Бенкси е Робин Гунингам. Мистеријата ја откриле користејќи географско профилирање, техника која се користи за лоцирање на сериски убијци.

Научниците тврдат дека идентификувале шаблон меѓу локациите каде се појавуваат делата на познатиот Бенкси и адресите на Гунингам.

Мистериозниот уличен уметник бил избран за изработка на статистички „геопрофил“ без негова согласност. Истражувањето било одложено откако адвокатите на Бенкси го контактирале универзитетот бидејќи биле загрижени за начинот на кој истражувањето, наречено Tagging Banksy, ќе биде промовирано.

Истражувачите велат дека преку проектот сакаат преку да го покажат поширокиот потенцијал на географското профилирање, софистицирана форма на статистичка анализа која се користи во криминологијата. Нејзина цел е да го намали бројот на можни локации каде престапник кој го повторува криминалот би можел да живее.

Откако се предизвикале себеси да го откријат идентитетот на Бенкси, академиците избрале 140 дела на уметникот во Лондон и Бристол. Локациите укажале на „жешки точки“, кои потоа биле дополнително истражувани со цел да се најде индивидуа која се движи на тие места.

Овие „жешки точки“ најчесто биле поврзанувани со паб, игралиште, живеалиште во Бристол и три адреси во Лондон. Користејќи јавно достапни информации, истражувачите заклучиле дека сите тие места биле населени или редовно посетувани од Гунингам.

„Геопрофилот“ создаден за Гунингам обезбедил силни докази дека поранешниот жител на Бристол можеби е навистина Бенкси. Правната интервенција на уметникот не го спречила истражувањето, кое беше објавено во Весникот за спацијална наука по кратко одложување.

Извор: Independent