Научници случајно создале батерија што трае вечно

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија сосема случајно откриле начин како да направат батерија која ќе трае вечно, јавија светските медиуми.

Студентката Миа Ле Таи, која заедно со своите колеги експериментирала во лабораторија, одлучила да ги премачка наножиците во литиумската батерија за мобилен телефон со гел од манган диоксид. Кратко време потоа, истражувачите забележале дека батеријата воопшто не го губи својот капацитет.

Нано жиците вообичаено се трошат по одреден број полнења или околу 7 000 , но со обвивката од манган диоксид тие не ја изгубиле моќта иако биле полнети повеќе од 200 000 пати, во рок од три месеци.

Ваквото откритие би можело да се користи и кај лаптопи и таблетите, но и кај комерцијалните батерии, во автомобилите и вселенските летала.

Реџиналд Пенер, претседател на одделот на хемија на универзитетот објаснува дека откритието се случили додека студенттката си поигрувала со батериите.

„Ова беше лудо, бидејќи ваквите работи обично умираат драматично по 5,6, 7 000 полнења“, вели Пенер.

Миа пак додава „ Истражувањето покажа дека нано жиците, батерии кои се базираат на електроди, може да имаат долг живот и ние може да ги направиме реалност“.