Научници развиваат екран на кој ќе може да се гледаат 3Д филмови без очила

Лабораторијата на МИТ за компјутерски науки и вештачка интелигенција создаде нов екран кој овозможува гледање на 3Д филмови без очила. Оваа технологија ја прави сликата повеќе јасна. Наречен „3Д кино“, овој екран ја прави сликата прегледна од секое седиште во киносалата.

„Постоечките пристапи за 3Д без очила бараат екрани чија резолуција е толку голема што е целосно непрактично“, вели професорот Војциќ Матусик од МИТ.

„Ова е првиот технички пристап кој овозможува 3Д без очила во голем обем“.

Од МИТ забележуваат дека 3Д телевизиите без очила користат технологија наречена „паралаксна бариера“, која користи серија на засеци за очите на гледачите да гледаат различни пиксели. Проблемот со неговата примена во телевизијата е тоа што гледач мора да е седнат веднаш пред екранот, на одредена далечина.

Но, тоа не е возможно во киносалите, па затоа CSAIL создадоа екрани кои имаат неколку „паралаксни бариери“ кои им дозволуваат на гледачите да ја гледаат истата слика од различни растојанија и агли.

Сепак, оваа технологија е далеку од широка употреба. Единствениот модел кој во моментов функционира е со големина на Ајпад, и за него се потребни многу огледала и леќи.

„Ние сме оптимисти дека ова е важен чекор во развојот на 3Д без очила за големи простори како кината и театрите“, вели Матусик.