Научници пронајдоа ајкули што светат во темнина во Нов Зеланд

Ајкулата позната и под името „Далатијас лиша“ е најголемиот познат биолуминисцентен ‘рбетник во светот, кој во должина расте и до шест стапки.

Примерокот бил пронајден во океански регион познат како „Четнам рајс“ на источниот брег на новозеландскиот Јужен остров. Пронаоѓањето на ајкулата е за прв пат документирано во истражување на католичкиот Универзитет „Ловејн“ во Белгија и Националниот институт за вода и атмосферско истражување во Нов Зеланд.

Биолуминисцентноста е продукција на видлива светлина од живи организми која е резултат на биохемиска реакција. Се смета дека дури 57 од засега познатите 540 видови на ајкули се способни за производство на светлина, смета коавторот на инстражувањето Џером Малфет.

Иако и претходно се забележани ајкули со способност за произведување на светлина, тие се многу ретки за набљудување бидејќи живеат во длабочините на океанот.

Засега, биолуминисцентноста како особина е забележана уште кај две други видови на ајкули.

Малфет бил поканет да се придружи на истражувачко патување во 2020 година и поминал 30 дена на брод, документирајќи различни ајкули.

„Тие ја користат светлината за да исчезнат. Произведувањето светлина ги штити ајкулите од предатори и им дозволуваа полесно да фатат пленови. Конкретно ова е случајот со „Далатијас лиша“, а остатоци од помали ајкули биле пронајдени во стомаците на неколку фатени единки, иако оваа ајкула се смета дека е најспората ајкула во светот“, објаснил тој.

Потребни се натамошни истражувања за оваа особина кај ајкулите.

„Целта е да се истражат водните длабочини, кои засега се многу мистериозен регион. Се плашам дека направивме многу грешки со фрлањето на тони ѓубре во водните површини. Мислам дека последиците ќе се одразат врз идните генерации“, додал Малфет.

Извор: CNN