Научници открија 91 вулкан под површината мраз на Антарктикот

Научници кои го истражуваат Антарктикот го открија најголемиот вулкански регион на Земјата, само два километри под огромната површина мраз која го покрива најјужниот дел од планетата.

Проектот на истражувачите на Универзитетот на Единбург откри речиси 100 вулкани, од кои највисокиот е речиси 4.000 метри.

Геолозите велат дека овој огромен регион го става во сенка вулканскиот ‘рт во Африка, кој моментално се смета за најзачестена концентрација на вулкани на светот.

Активноста на оваа површина може да има загрижувачки последици, предупредуваат.

„Ако еден од овие вулкани еруптира, може дополнително да го дестабилизира мразот на западот на Антарктикот“, вели експертот за глечери Роберт Бингам, еден од авторите на истражувањето. „Било што што предизвикува топење на мразот – а, тоа е дефинитивно ерупција – ќе го забрза протокот на мраз во морето.

Сепак, сè уште немаат сознанија за активноста на овие вулкани и ќе истражуваат да знаат што повеќе во наредниот период.