Научници од Канада го изолирале вирусот со кој се рашири пандемијата на Covid-19

Тим од канадски научници истакнале дека ова ќе доведе до глоблен одговор за пандемијата.

Канадски тим на научници успешно изолирале нишка од коронавирусот и растеле примероци во лабораториите за да помогнат со проучување на патогенот одговорен за глобалната пандемија.

Истражувачи од Истражувачкиот институт „Санибрук“ на Универзитетот „МекМастер“ во Торонто, го изолирале вирусот од два пациента, за подоцна да го истражуваат во безбедно изолирана средина.

Ова значи дека научниците сега имаат чист примерок од вирусот кој е надвор од телото на пациентите, подготвен за проучување.

Тимот на научници соопштил дека примероците кои ќе се развијат во лабораториската средина, би им помогнале на научниците во Канада и низ светот да направат подобро клиничко дијагностицирање, третмани и вакцини против коронавирусот.

Ова не е прв случај на изолација на вирусот. Ваквата изолација за прв пат беше остварена од кинески научници, како и од истражувачки тимови во Австралија и Италија.

Вирусите континуирано мутираат и еволуираат, па сега постојат неколку различни нишки од коронавирусот, кои колективно се познати под името Sars-CoV-2.

Covid-19 е името дадено на клиничката слика која ја создаваат овие вируси.

Секогаш кога вирусот ќе инфицира некоја личност, тој се реплицира во нивниот респираторен тракт, мутира, па создава дузина генетички мутации. Во оваа конкретна пандемија, мутациите доведоа до две поглавни нишки. Нишката на коронавирусот која се асоцира со епидемијата во Вухан е попревалентна, па поради тоа е повирозна. Втората нишка од коронавирусот е помалку превалентна и истражувањата покажале дека таа прави помалку штета на носителот.

Но, секоја изолација на вирусот им дозволува на научниците да видат колку брзо мутира Sars-CoV-2 вирусот и какви мутирачки импликации има кај луѓето.

„Потребни ни се клучни алатки за да се изработат решенијата за оваа пандемија. Додека брзиот одговор е од исклучителна важност, решението на подолг период доаѓа од суштинските истражувања за овој вирус“, изјавила докторката Самира Мурабека, микробиолог и истражувачка за инфективни болести на „Санибрук“.

Извор: Independent