Научна студија покажува зошто камелеоните ја менуваат бојата

Научниците можеби конечно ја открија мистеријата зад уникатната способност на камелеонот да ја менува бојата.

Објаснувањето е дека кожата на овој рептил е составена од мали кристали кои наликуваат на огледало и кои се дел од рефлективни пигментни клетки наречени иридофори. Ова е според новата студија објавена во магазинот „Nature Communications“.

Кога камелеонот ќе се возбуди или предвиде опасност, иридофорите се стеснуваат или се шират за да им овозможи на кристалите да рефлектираат различни нивоа на светлина, а со тоа се менува и бојата на кожата.

„Кога кожата е во опуштена состојба, нанокристалите во клетките се многу блиски едни до други. Оттука, клетките посебно ги рефлектираат кратките бранови должини, како што е сината боја“, тврди Мајкл Милинкович, професор по генетика и еволуција на Универзитетот во Женева, Швајцарија и главен автор на студијата.

Милинкович објаснува дека кога камелеонот е возбуден, нанокристалите се оддалечуваат повеќе меѓусебе за да рефлектираат поголеми бранови должини, како што се жолтата, портокаловата и црвената боја, кои се комбинираат со сино за да направат различни нијанси.

Со цел да дојдат до ова откритие, истражувачите користеле микроскоп, видео со висока резолуција и нумерирачко моделирање базирано на боја.

Извор: TIME