Научени лекции од цела година без туширање

Денеска помина една година откако последен пат се истуширав. Да, знам дека звучи лудо, и пред една година ќе се согласев со вас. Јас бев регуларно типче во првите 26 години од мојот живот. Добро, можеби не баш секој ден, но речиси секој.

Па како најнормален дечко кој се бања, помина 365 дена без да се истушира? Се почна со една долга велосипедска тура низ Америка наменета за промоција на одржливост и еколошко живеење. Си поставив сет на правила за себе, кои морав да ги следам. Правилото за вода беше дека можев да ја користам но само од природни ресурси како езера, реки и вода или дожд или од извори кои се трошат како јавни хидранти. И цело време водев сметка за количината на вода која ја користам, со цел да покажам колку малку всушност ни треба за да преживееме.

Го поминав стотиот ден без да се истуширам и за мене тоа беше успех сам за себе. Но се помина толку супер, што ненадејно сакав да ја продолжам мојата мисија на нетуширање. Си зададов цел да не се туширам шест месеци и кога тој ден помина, си реков, па ајде ќе поминам цела година без туш.

И еве ме сега една година подоцна, да ви ја раскажам приказната од мојата година без туширање. И веднаш да расчистам – сигурно мислите дека многу смрдам?

Научени лекции од цела година без туширање

Но всушност не е така. Кога велам дека не се туширав, тоа не значи дека не се бањав. Пливав секој ден на вакви места:

Научени лекции од цела година без туширање

И се туширав под водопади како овде:

Научени лекции од цела година без туширање

И користев еко-пријателски сапун како овој:

Научени лекции од цела година без туширање

Но научив дека со живеење на природен начин не ми се потребни веќе козметички производи. Користев само сапун, паста за заби и есенцијални масла. Споредено со претходно кога користев колонска вода, дезодоранс, шампони, лосиони и секакви други продукти полни со хемикалии. И погодете што? Немав помалку пријатели!

Научени лекции од цела година без туширање

Дури некои од нив се бањаа со мене.

Научени лекции од цела година без туширање

А имав и неколку романси таа година.

Научени лекции од цела година без туширање

Никој не мислеше дека мирисам воопшто. И се изненадив колку сум чист, исто како и сите.

Научени лекции од цела година без туширање

Сфатив дека водата не мора да доаѓа од тушот во купатилото за да ме исчисти. И езерата може да ве направат чисти. И реките.

Научени лекции од цела година без туширање

Или седењето на дождот.

Научени лекции од цела година без туширање

Или овој хидрант во Бруклин.

Научени лекции од цела година без туширање

Наместо да се туширам, моето време го користев за да се поврзам со природата. Ова ми стана омилен дел од денот, особено кога ќе се ослободев од стресовите на животот и ќе станев свесен за моето опкружување.

Научени лекции од цела година без туширање

Некогаш скокав наоколу пред да влезам во вода.

Научени лекции од цела година без туширање

А некогаш се релаксирав.

Научени лекции од цела година без туширање

Друг пат размислував за животот.

Научени лекции од цела година без туширање

Научив дека просечниот Американец користи околу 100 галони вода на ден. Но јас успеав да преживеам со користење помалку од два галони на ден. Уште поважно, научив да ја ценам секоја капка вода.

Научени лекции од цела година без туширање

Зашто водата ни дава живот на сите нас, вклучувајќи ги и животните.

Научени лекции од цела година без туширање

Кога се вратив од патувањето, го продолжив животот најнормално, но успеав да користам само 10-20 галони вода на ден. Тоа е 5-10 пати помалку од просечниот Американец. Поминав уште осум месеци без туширање и заштедив 5,000 галони вода и многу се забавував со пријателите истовремено!

Научени лекции од цела година без туширање

Сепак, не мора да престанете да се туширате за да бидете дел од решението. Има многу лесни начини со кои може да се заштеди вода и повеќето се лесни за сите нас.

Можете да имате пократки туширања, поретко перење на алишта со собирање полни машини, да собирате дожд, да ги миете садовите ефикасно, да инсталирате ефикасни тушеви и тоалети, да собирате дожд… Започнете денес и по некое време правете се повеќе работи. Наскоро ќе стане многу полесно. И ако го направите ова, можеби ќе почнете да се чувствувате вака:

Научени лекции од цела година без туширање

Извор: Huffingtonpost.com