„Natura Made“, изложба на Сашо Ацковски во галерија „КО-РА“

Вечерва во галеријата„КО-РА“ 23 јуни, ќе биде отворена изложба со наслов „Natura Made” на Сашо Ацковски.

Ацковски е роден 1972 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопјео, тсек сликарство со насока конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски (претходно во класата на проф. Вело Ташовски и проф.Свето Манев).

Има реализирано четири самостојни изложби како и учество на бројни ликовни колонии и групни изложби во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Чешка.

Изложбата се отвора во 20 часот.