Национално дебатно првенство 2014

Традиционално на крајот на учебната година, Младински образовен форум го организира својот најголем дебатен турнир каде дебатерите кои цела година слушаат редовни предавања по дебата, од целата држава, се натпреваруваат за титулата национален шампион.

Национално дебатно првенство 2014

Годинава дебатното првенство ќе се одржи на 9,10 и 11 мај. Турнирот вклучува 6 прелиминарни рунди, полуфинале и финале, а учество ќе земат 40 тима и 60 судии од 14 градови во Македонија. Форматот на дебатирање е Карл Попер, а англискиот јазик ќе биде официјален јазик на турнирот.

Турнирот претставува краен резултат на дебатната програма на Младински образовен форум, но пред се можност за дебатерите кои цела година слушаат предавања по дебата да ги одмерат силите и да ги презентираат стекнатите вештини.

Во пресрет на последните случувања кои се одвиваа во меѓународната заедници и немирите кои до неодамна ја тресеа Украина, тезата на овогодинешното дебатно првенство е: NATO should unconditionally offer membership to the states of the former Soviet Union, with the exception of Russia.

На овој начин средношколците ќе имаат можност да се вклучат и истражуваат за меѓународните односи, политики и процедурите за одлучување.

На годишно ниво повеќе од 200 средношколци во државата слушаат предавања за дебатни вештини, но и стекнуваат образование во области од економијата, меѓународните односи, социјалните промени, меѓународните тела и институциите.