Националниот младински совет на Македонија станува правен субјект

Националниот младински совет на Македонија(НМСМ) и официјално станува правен субјект откако доби регистрација во Централниот регистар.

Националниот младински совет на Македонија(НМСМ) и официјално станува правен субјект

Основан пред три месеци од страна на 55 младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии, НМСМ најави интензивна комуникација со институциите кои имаат надлежност за младинските прашања, но и борба за повеќе права за сите млади.

Националниот младински совет на Македонија станува правен субјектНМС според Статутот ќе биде управуван од Генерално собрание, Управен одбор, Надзорен одбор и извршно тело – Секретаријат. Делегатите на Основачкото собрание ги избра Ивана Давидовска од ЦИД за претседател, Дона Костуранова од МОФ за потпретседател, а членови на управниот одбор сеИван Јованов од „Младите можат“, Горан Георгиев од Сојузот на извидници на Македонија, Даниел Калајџиески од ХЕРА, Арбен Ристеми (Центар за развој на заедницата) и Антонио Јовановски од „Гоу грин“.

Од НМС најавуваат дека оваа организација ќе биде гласен претставник на младинските интереси, чија крајна цел ќе биде подобрување на положбата на младите во земјата. Организациите основачи на Националниот младински совет може да се погледнат на следниот линк.