Национална акција за чистење на отпадот – „Македонија без отпад“

Во рамки на проектот „Македонија без отпад“ вo сабота низ цела држава ќе се реализира националната акција за чистење на отпадот „Македонија без отпад“.

Национална акција за чистење на отпадот - „Македонија без отпад“

Акцијата се одржува трета година по ред и ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање како дел од проектот „Македонија без отпад“.

Настанот треба да поттикне активирање на јавноста на Македонија за чистење на расфрланиот комунален отпад, едукација за правилното отстранување, како и за штетите предизвикани од непланското фрлање отпад.

Акцијата вклучува комбинација на акции за чистење на околината, образовни програми за развој на свеста за позитивните практики на управување со разни видови отпад и промоција на одговорни навики поврзани со отпадот.

Според организаторите, успехот на оваа акција ќе зависи од вклучувањето на широката јавност, организациите, компаните и релевантните институции, националните и локалните власти. Вклучувањето во акцијата се врши преку регистрирање на активност и нуди можност секој да придонесе кон решавање на едно од најгорливите прашања од областа на животната средина во Македонија. Начинот на вклучување е поделен во три категории, акција, едукација и промоција.

Подетални информации за акцијата можат да се најдат на веб страницата на „Ајде Македонија“, www.ajdemakedonija.mk.