Национален натпревар на студентски есеи

Слободната асоцијација “Тројка” составена од Институтот за истражување и европски студии – Битола, порталот за право Правдико и организацијата “Students for Liberty” – Macedonia, организираат Национален натпревар на студентски есеи.

Национален натпревар на студентски есеи

Натпреварот има за цел поттикнување на критичкото и креативно мислење кај студентите, афирмација на студентските ставови и промовирање на студентскиот интелектуален труд.

Авторите за да учествуваат во натпреварот е потребно да бидат студенти на прв, втор или трет циклус на студии.

Авторот на прворангираниот есеј ќе добие Сертификат за освоено прво место како потврда за високиот квалитет на трудот (The Certificate of Excellence), додека есејот ќе биде објавен на порталот за право Правдико, а авторот ќе добие книга како награда доделена од страна на Асоцијацијата “Тројка”.

Авторот на второрангираниот есеј ќе добие Сертификат за освоено второ место, додека есејот ќе биде објавен на порталот за право Правдико, а авторот ќе добие книга како награда доделена од страна на Асоцијацијата “Тројка”.

Авторот на треторангираниот есеј ќе добие Сертификат за освоено трето место, додека есејот ќе биде објавен на порталот за право Правдико, а авторот ќе добие книга како награда доделена од страна на Асоцијацијата “Тројка”.

Есеите кои нема да бидат рангирани, заедно со наградените есеи, ќе бидат објавени во електронската “Тројка: Збирка на есеи” како издание на Асоцијацијата “Тројка”. Збирката ќе биде објавена на интернет порталот за право Правдико, и на интернет страните на Институтот за истражување и европски студии – Битола и “Students for Liberty” – Macedonia.

Тематски области за изработка на есеите се:

– Европска унија и меѓународни односи;
– Интеграцијата на Р. Македонија во Европската Унија: пречки и предизвици;
– Европската унија и БРИКС во меѓународните односи;
– Европската унија како агенс за интеграција на Западен Балкан;
– Супрематија на правото на ЕУ и перспективите на правниот систем на Европската унија.
– Регионална политика и прекугранична соработка
– Од прекугранична до безгранична соработка;
– Регионализацијата како преддворје на глобализацијата;
– Балканизација на Европа или европеизација на Балканот: што по 2020?;
– Бенефитите од регионалната политика на ЕУ за Република Македонија.
– Индивидуална слобода и либерална демократија
– Студентите како двигател на општествените промени и генератор на слободарски идеи;
– Вреднувањето на индивидуалната слобода во современото општество;
– Социјалните немири како одговор на нетранспарентните државни политики;
– Предизвиците на либералната демократија во посткомунистичките земји.
– Родови прашања
– Улогата на жената во македонското општество;
– Застапеноста на жените во структурите на одлучувањето во Република Македонија;
– Родово – базираното насилство како пречка за воспоставување на родовата рамноправност;
– Родовата рамноправност – предуслов за потполно демократизирање на општеството.
– Граѓанско право
– Злоупотреба на правото на сопственост;
– Концептот на потрошувач во правото на РМ;
– Заштита на авторските права;
– Адвокатот како полномошник во парничната постапка.
– Меѓународно право
– Улогата на дипломатијата на ООН во (решавањето на) регионалните конфликти;
– Меѓународното право и употребата на сила од страна на државите;
– Моќта на Меѓународниот суд на правдата во процесот на решавање на спорови меѓу државите;
– Државниот суверенитет наспроти обврската за почитување на меѓународното право од страна на државите.

Тематските области претставуваат општи насоки за изработка на есеите, додека авторите се слободни во изборот на темите кои треба да се движат во рамки на приложените тематски области.

Повеќе информации за конкурсот се достапни на следниот линк.