Натпревари и забава на првиот „Вегепикник“ во Скопје во недела

Оваа недела (27 септември), на градската плажа „Парк“ (12-18 ч.) на првиот пикник на веганска храна во Македонија, се организираат три натпревари на кои ќе се доделат и награди.

„Веган Cook-Off“ е натпревар во готвење највеган рецепт. Готвачите се натпреваруваат во приготвување на еден ист рецепт и жири од невегани ќе избере прво, второ и трето место.

„Веган предизвикот“ е натпревар меѓу поединци кои не се вегани, а кои во текот на една недела ќе се хранат исклучиво вегански. За најиздржливите ќе доделиме прво, второ и трето место.

„Највеган фото“ е натпревар во најдобра фотографија од едно или повеќе од најзлоупотребуваните животни на светот – фармските животни. Жири од активисти на организацијата и фотографи ќе додели прво, второ и трето место.

Пријавувањето за натпреварите трае до 26 септември (сабота), а повеќе информации за сите нив заедно има на овој линк.

Специјален гостин на ВегеПикникот е исклучително креативен веган chef од Словенија, Камала, која на едночасовната работилница Think.Cook.Eat со нас ќе ги сподели малите тајни на големите вегански специјалитети.

Во рамки на ВегеПикникот ќе има и детско катче поддржано од Првата детска амбасада во светот.

Првото издание на „Вегепикник“ во Скопје се одржува по повод Светскиот ден на здрава животна средина (26 септември) чие овогодинешно мото е „Децата се нашата иднина – да ги заштитиме нивната животна средина и нивното здравје“.