Натпревар во спелување во Американското катче во Скопје

Натреварот во спелување на англиски јазик или „Spelling Bee“ на локално ниво ќе се одржи на 25 март во Американското катче во Скопје.

Сите заинтересирани ученици од петто одделeние до четврта година во средните училишта може да учествуваат во натпреварот.

Натпреварувањето за учениците од петто до деветто одделение ќе се одржи од 14:00 до 16:00 часот, додека за средношколците од 16:00 до 18:00 часот. Листите за учење може да се најдат на следниот линк.

Националниот натревар „Spelling Bee“ е волонтерски, спонзориран настан за учениците од петто одделение па до четврта година средно. Целите на натпреварот се: проширување на речникот на учениците и поттикнување на употреба на точен изговор и употреба, како и практикување заеднички правописни модели, и зголемување на довербата на учениците во нивната способност да го користат англискиот јазик.

Натпреварот во спелување има за цел да им даде на учениците форум во кој академската извонредност може да се препознае и да ги охрабри во атмосфера на пријателски натпревар помеѓу сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија.

Повеќе информации за настанот може да се најдат на следниот линк.