Натпревар за есеи на тема „Дваесет години Западен Балкан – предизвици и можности“

Во рамките на проектот „REACT!”, Алфа Центар, Никшиќ, Црна Гора и Центарот за истражување и креирање политики објавуваат јавен повик за есеи на тема: „Дваесет години Западен Балкан – предизвици и можности“.

Повикот е отворен за кандидати од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово, кои се млади од 19 до 30 години и се заинтересирани за теми како владеење на правото, одбрана, безбедност, демократија и регионално помирување.

Есеите може да се напишат на на македонски или англиски јазик и не треба да бидат подолги од три страници (напишани во Times New Roman 12, проред 1,5) . Есеи се доставуваат на мејлот trajkovski@crpm.org.mk,  најдоцна до 31 јули 2018 година до 16 часот. Стручна жири комисија ќе избере пет најдобри есеи.

Авторите на двата најдобри есеја од секоја земја ќе учествуваат во „REACT!” практикантска работа во една од  земјите во регионот во периодот 15-22 август.  Авторите на останатите три најдобри есеи ќе учествуваат на Летната школа „REACT!” од 3-8 септември.

Дополнителни информации за натпреварот може да се побараат на телефонот 02/3109932.