НаТочак: Влезот од рекреативната патека кај МЕПСО е секојдневно блокиран од возила

Град Скопје ова е фотографија од влезот/излезот од рекреативната патека на Вардар кон/од Плоштадот Македонија, поточно кај МЕПСО. Блокиран е од возила, секојдневно!, реагираат од велосипедската иницијатива НаТочак.

Дополнително, велат активистите, поради вечните градежни зафати што се одвиваат на овој потег, велосипедистите се принудени да поминуваат низ тесен коридор ограден со лимени тараби со разорана и полна со вода и камења подлога за да пристапат кон Плоштадот.

„Дали е во план да се обезбеди достоинствен премин за луѓето на велосипеди?Дали и кога планирате да се справите со оваа несостојба на овој велосипедски премин кој огромен број граѓани го минуваат секојдневно?“, прашуваат од НаТочак.