НаТочак: Македонски железници уште нема овозможено превоз на точаци во воз

Точаци и возови се камен-темелникот на мобилноста за „новото нормално“ со голем потенцијал за опоравување на економијата во ЕУ после Ковид 19 кризата, а со грижа за климата, соопштуваат од иницијативата НаТочак.

Како и да е, вела тие, овие партнери се далеку и од „личниот развој“ и „впарувањето“ во многу делови на Европа.

„Поради ова, на ниво на ЕУ се работи на легислатива со која ќе се осигура дека секој воз на европско тло обезбедува барем 8 места за точаци.Потенцијалот на точаците во пар со возовите за декарбонизација на транспортниот сектор одговорен за 1/4 од емисиите во ЕУ е огромен. Германска студија проценува дека 27.4% од емисиите во транспортниот сектор можат да се заштедат преку интегриран и мултимодален пристап. Уште повеќе, што комбинацијата на ова дуо овозможува најголема брзина и флексибилност, повеќе од било која друга“, анализираат НаТочак.

Вело-активистите велат дека возот е најбрзата опција за оние дистанци кои се големи за точакот и би можел да замени многу автомобилски патувања на локално ниво, а авионски патувања на регионално и интернационално ниво.

„Точакот, пак, ги забрзува патувањата кон станиците и би можел да замени многу патувања со автомобил, за оние дистанци кои се кратки за со воз. На ниво на ЕУ, 75% од патувањата се пократки од 10 км! Околу 50% од патувањата во речиси секој град, па и Скопје, се помали од 5 км! Замислете колкав потенцијал за велосипедот е тоа. И не само во смисла на секојдневен транспорт. Точак – воз – точак комбинацијата е се повеќе барана од туристите“, потенцираат вело-активистите.

Моментално кај нас, потсетуваат тие, на сила е забрана за превоз на точаци со воз од Македонски Железници.

Со години многу велосипедски здруженија и клубови, транспортни и спортски од државата се борат против оваа забрана. Односно, да се обезбедат услови за точаци во возовите, кај постојните со адаптација, а кај новите со точна спецификација во набавката.

„Тоа е нашата црвена линија бр. 4: Македоски железници да овозможат превоз на точаци во воз. Која е вашата? #МојатаЦрвенаВелоЛинија“, стои во соопштението на НаТочак.