НаТочак: Изгледа МВР ги подучува вработените дека паркирање на вело-лента е правило

Полициски службеници паркирани на велосипедска лента, секојдневие. Изгледа дека Министерство за внатрешни работи ги подучува своите вработени дека паркирањето на вело-лента е правило за полициските возила, друго објаснување немаме за секојдневната пракса на „чуварите“ на безбедноста во сообраќајот, стои во реакцијата на иницијативата НаТочак, кои објавија нова фотографија со полициско возило на велосипедски простор.

Од иницијативата преку социјалните мрежи го прашуваатминистерот Оливер Спасовски дали ќе дојде на дневен ред едукација на вработените кои, велат активистите, треба да бидат пример за сообраќајното однесување.

Исто така, од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата бараат кампањите за кои, потенцира НаТочак, очигледно не ги знаат и почитуваат сообраќајните правила, а се поставени да го контролираат нивното спроведување.

„Полициски возила паркирани на тротоар/велосипедска патека е едноставно недопустливо за град кој претендира да биде Велоград. Најостро реагираме на оваа појава и бараме одговор од МВР и РСБСП што и кога ќе се преземат конкретни активности на темава. Град Скопје кон Скопје Велоград, во иста насока кон намалено загадување, не на овој начин!“, реагира НаТочак.