Татко на ученик во ООУ „Живко Брајковски“, пријавил во полиција дека вчера, неговиот син бил тепан со стап од стара на на наставник. Министерството за образование и наука го осуди настанот.
Скопјанецот Д.Б.(45) вчера во 16 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје го пријавил настанот, откако за време на наставата, наставник го удирал неговиот 13- годишен по рацете и вратот. Веднаш по пријавувањето на настанот било излезено на местото на настанот од страна на полициски службеници од Полициската станица Чаир. Известен бил Јавниот обвинител.
Министерството за образование и наука преку соопштение го осуди индицентoт.
„По добиените наоди од извршениот надзор од страна на Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука очекува соодветно санкционирање на наставникот. Веруваме дека секоја ситуација и конфликт може да се разреши по мирен пат, со разговор, а не со физички пресметки и напади. Штетата е уште поголема што не станува збор за инцидент помеѓу ученици, туку помеѓу наставник и ученик“, посочуваат од МОН.