Наставникот во основното училиште „Фан Ноли“ во тетовското село Палатица, кој според пријавата во полиција му ја удрил главата од клупа на единаесетгодишен ученик, заработи казна од 600 евра, јавува „Плусинфо“.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски вели дека вчера, во полициското одделение Групчин, наставникот бил повикан на разговор и настанот е целосно расветлен. Инцидентот во полиција го пријавил таткото на детето, кој обезбедил и медицинска документација според која детето има повреди на десното око.
Според пријавата, инцидентот се случил без повод и причина во основното училиште „Фан Ноли“ во Палатица.
Од училиштето велат дека родителот на нотар ја повлекол пријавата и дека се работело за мала караница на часот по математика, а ученикот погрешно му ја презентирал ситуацијата на родителот.
– Родителот дојде кај директорот и постапката е повлечена на нотар. Пријавено е по грешка. Имало некоја мала караница на часот по математика, детето е добро, нешто се спречкале и наставникот го гребнал ученикот со ташната. Ама сега е се во ред, по грешка е пријавено – велат од основното училиште.
Извор: Плусинфо