Настап на раперот Big Daddy Kane за 15-годишнината на SureShotz

По повод 15 години постоење, SureShotz Entertainment на 21 август (среда) од 22 часот во клубот „Епицентар“ го најавува Big Daddy Kane, еден од пионерите на хип-хоп културата.

Се работи за хип-хоп артист за кој организаторите велат дека е „еден од ретките кои можат да се стават во иста реченица со еден Rakim“. Причината за тоа, велат тие, е фактот што според многумина тој е еден од највлијателните MC-ња на сите времиња.

„Овој добитник на Grammy награда, ја започнува својата кариера во 1986 година како дел од култниот колектив Jucie Crew (заедно со Marley Marl, Kool G Rap, Masta Ace, Roxanne Shante` и други). Стартот на кариерата на Kane, е поврзан и со неговиот голем пријател Biz Markie, на кого му асистира при креирањето на некои од неговите најголеми хитови. Деби албумот ‘Long Live the Kane’ го издава во 1988 година, на кој се наоѓа и мега-хитот ‘Ain`t No Half Steppin`’. Само една година подоцна излегува и вториот албум ‘It`s a Big Daddy Thing’, чиј истоимен сингл е негов најуспешен до денес. Свој придонес дава и на soundtrack-от на филмот ‘Juice’ во кој главната улога ја толкува 2Pac, со кого во 1996 година ја објавува песната – ‘Wherever U Are’. Во 1991 година добива Grammyнаграда за најдобар рап настап на дуо или група, за песната ‘Back on the Block’ која ја изведува со легендардниот Quincy Jones“, стои меѓу другото во најавата за настанот на 21 август.

Организаторите потенцираат и дека Big Daddy Kane важи за еден од најквалитетните рапери од златната ера на хип-хоп-от, а многумина го величат поради неговото експериментирање со Р’н’Б ритмовите.

Вратите за настанот ќе бидат отворени од 21 часот, кога ќе настапи моментално нај актуелниот домашен hip-hop артист – Matej Foltz, а локална поддршка ќе бидат Shorty P и Irie Scratch.