Настап на Jazzy Jeff утре во Скопје

Познатиот хип хоп диџеј и продуцент Jazzy Jeff утре ќе настапи во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје. Како што соопштија од „SureShotz Entertainment“,  кои концертот го организираат по повод 14-годишнината од своето постоење, култниот музичар допатува во Скопје.

Jazzy Jeff е легенда на хип-хоп културата, роден пред 53 години во Филаделфија, каде на 10 годишна возраст за прв пат се среќава со магијата на грамофоните.

Тој е пионер на “transformer” и “chirp scratch“ техниките, кои за прв пат се среќаваат во 1998 година во мега хитот “Gettin` Jiggy Wit It” на Will Smith. Двајцата се запознале на приватна забава во 1985 година и веднаш започнале да работат заедно под името Dj Jazzy Jeff and The Fresh Prince, нешто што подоцна се покажува како пресврт во кариерата на Jeff.

Следната година ја освојува „Dj Competition” наградата на „New Music Seminar“, и потпишува договор со продуцентската куќа „Word Up Label“. Дуото во својата 10 годишна кариера објавува пет студиски албуми, а ќе останат запаметени по тоа што се првите рап артисти кои освоиле Греми во 1989.  По распадот на бендот се посветува на својата продуцентска куќа „A Touch of Jazz”, преку која помага во развојот на кариерите на голем број квалитетни музички.