Настап на Импров Група во МКЦ

Заснован на игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика, Импров Настап е комична, непосредна, но комплексно структуирана театарска претстава, обврзана да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив.

За време на Импров Настапот, актерите играат сцени за кои немаат сценарио, но имаат правила, во зависност од играта. Овој вид на ‘целовечерна претстава без сценарио’ ѝ дава можност на публиката директно да учествува во создавањето на содржината преку задавање на локации, ликови или проблеми во сцените, кои актерите за прв пат ги одиграат.

Денеска со почеток од 20 часот во кино „Фросина“ (МКЦ), ќе се одржи настап на Импров Група. Ќе настапат Сергеј Димовски, Мартин Манев, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски и Тони Денковски, а водител ќе биде Андреј Цветановски.

Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн, преку електронската платформа за билети.