Настап на Џорџ Карлин кој не бил прикажуван поради нападот на Кулите близначки ќе се емитува за прв пат

Комично шоу на Карлин, насловено „I Kinda Like It When A Lotta People Die“, во кое има шега според која испуштањето гасови од страна на Осама Бин Ладен соборило авион и многу луѓе починале. За несреќа, настапот бил снимен само еден ден пред нападот на 11 септември 2001 година, па се сметало дека е невкусно да се емитува после таква трагедија.

Снимката останала складирана во архива, и никогаш не била емитувана.

Сега, 15 години после нападот во кој починаа речиси 3000 луѓе, а осум години после смртта на Карлин, шоуто снимено за HBO ќе биде јавно објавено.

Според медиумите, снимката ќе се емитува на Sirius XM, а ќе биде достапна за преземање или за купување на Амазон и Ајтјунс.