Настап на дуото Жан Демиер и Анук Гентон во „Дуња“

Во СЦ „Дуња“ вечер ќе се одржи концерт на чешкото дуо Жан Демиер и Анук Гентон, кои со својата вокално-виолинска креација ќе донесат посебна музичка и поетска вечер.

Според најавата на домаќините на настанот „Post global recordings“ и „Дуња“, дуото изведува дела под влијание на европската експериментална звучна поезија и од вокалната и инструменталната туарешка поетска традиција.

„И гласот и виолината се потпираат на поетскиот израз на говорот и на пеена поезија со придружба на анзад (туарешки жичан инструмент со една жица од Нигерија). Заедно тие свират хетерофоничен звучен пејзаж на глас и жици, интензивни и јасни испреплетени вербални и музички дела, каде што звуците, воздишките, триењето, тишината, самогласките и согласките го следат својот сопствен пат“, стои во најавата за настапот на Демиер и Анук Гентон.

Настанот во Социјалниот центар „Дуња“ почнува во 21 часот.