Настап на „Арт Квартет“ во „Котур“

Во „Котур“ утре (20 декември) од 21 часот во живо ќе свират „Арт Квартет“, со изведби на соул, џез и фанк.

Вокал на „Арт Квартет“ е Лина Авшар, вокал. Таа е студент на ФМУ, со настапи на Охридско лето, заедно со Македонска Филхармонија и Хуан Аткинс под диригентство на Џијан Емин. Клавијатурист на квартетот е Сашко Николовски, кој е долгоготишен оркестарски и студиски музичар со учество на безброј концерти дома и надвор.

Тапанар на квартетот е композиторот Гоце Стевковски, кој има повеќе авторски изданија во областа на џезот, а басист е Дарко Мучев, долгогодишен член на многу македонски бендови.