Настап на „Архангел“ на Вевчанскиот карневал

Македонска група „Архангел“ ќе го отвори годинешното издание на Вевчанскиот карневал, кој се одржува од 12 до 14 јануари, во струшко Вевчани.

„Да ја почнеме годинава со радост и убава вест – легендата на македонската рок сцена, групата „Архангел“ ќе настапи на Вевчански карневал 2019“, објавија на официјалната ФБ страна на карневалот.

Деновиве ќе биде објавена целата програма на фестивалот. Организаторите откриваат дека е потврдено гостување на српската група „Галија“ на 12 јануари.

„И оваа година со манифестацијата збогатена и со музичка програма, Вевчани е подготвено да ги пречека сите посетители во единствениот спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава, за заедно да ја испратиме изминатата година и да ја пречекаме новата со желба да биде посреќна и побериќетна!“, порачуваат организаторите на карневалот.