Настанок и смрт на Универзумот – предавање на Скопско астрономско друштво

Скопско астрономско друштво организира предавање за теоријата на Големиот Прскот (Биг Бенг), како дошло до неа и како таа се развива и менува низ децениите, а ќе се опфатат и сценаријата за тоа како Универзумот би можел да „заврши“.

Предавањето ќе се одвива во четврток (7 ноември) во Амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии со почеток од 20 часот.

„Најверојатно, многу пред појавата на цивилизациите, луѓето си поставувале прашања за тоа кои сме, од каде доаѓаме и која е целта (ако воопшто постои) на нашето постоење. На некои од овие прашања, тие одговорите често ги наоѓале во религиозни толкувања и догми. Со зголемување на знаењето низ вековите, а особено со рапидниот подем на науката во 20-тиот век, отпочна ера на научно објаснување на Универзумот во кој живееме“, стои во најавата за настанот.

Цената за предавањето е 100 денари, а за членовите на друштвото и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ, влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).