„Насликај Разлика“ – изложба и дискусија за креативно изразување на младите

На 26-ти декември (четврток) во Штип се одржа еднодневниот настан „Насликај Разлика“, кој беше поддржан од Проектот УСАИД за граѓанско општество, и се оддржа во Хотел „Оаза“– Штип.

 „Насликај Разлика“ - изложба и дискусија за креативно изразување на младите

Во склоп на настанот се одржа јавна трибина на тема „На младите во Штип им е потребно повеќе простор за креативно изразување“ и изложба на фотографии кои прикажуваа пасивност/активност на младите.

Целите на настанот беа: подигање на свеста на младите, за нивните права и можности за вклучување во процесот на носење одлуки, подигање на свеста на институциите и одговорните лица за придобивките кои тие ги имаат од соработка со млади и креативни лица, како и промовирање на можноста за соработка помеѓу младите и институциите во насока на користење на простории за креативно изразување.

 „Насликај Разлика“ - изложба и дискусија за креативно изразување на младите

Еднодневниот настан го проследија 50-тина средношколци, и претставници од младински организации кои активно се вклучија во дискусијата. Воведничари на јавната трибина беа средношколци, членови на локалниот клуб „Актив“ кои имено беа иницијатори на целиот настан, и активно беа вклучени во организацијата на истиот.

Изложбата на фотографии беше составена од фотографии кои беа испратени на претходно распишаниот конкурс, на конкурсот беа испратени 50 фотографии, и тимот на организатори избра 15 фотографии, кои што најдобро ја прикажуваат целта, односно дека младите имаат потреба од простор за креативно изразување.

Настанот беше организиран од страна на група млади активисти, кои учествуваа на Школата за активно граѓанство (Обуки за младински активизам) како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество во организација на Младинскиот образовен форум.