Фејсбук најави дека наскоро на социјалната мрежа ќе може да се директно да се купуваат билети за концерти преку Ticketmaster, почнувајќи од крајот на април. Вестите беа соопштени пред самиот почеток на F8 конференцијата на Фејсбук.
Компаниите низ светот со години бараат начин да ги сменат и поедностават начините на продажба. Некои од тие планови беа успешни, некои не. Но, за промовирање на настани, да се прошири продажбата на Фејсбук се чини како логичен избор, пишува Mashable.
Ден Армстронг, заменик претседателот на Ticketmaster за дистрибуција и продажба, рекол за BuzzFeed дека „преку овозможувањето да се купат билети директно преку Фејсбук се надеваат дека ќе обезбедат поедноставно купување и ќе продадат повеќе билети“.
Сѐ уште не е јасно како ќе функционира овој процес. Ќе може да се купат билети на Фејсбук, но пак ќе треба купувањето да се потврди на Ticketmaster.com.