НАСИЛСТВО: Стравот од различноста ги прави младите агресивни

Четворица шеснаесетгодишни кумановци малтретирале помлади сограѓани, ремен „играл“ помеѓу малолетници во Ченто, млади кумановци нападнале дете од 12 години и со тупаници го принудиле да изговори зборови од Куранот, група тинејџери претепала малолетник во центарот на Скопје. Сето ова е дел од обемната статистика на полициските билтени во изминативе денови, пишува порталот Телеграф во анализа за насилството меѓу младите.

НАСИЛСТВО: Стравот од различноста ги прави младите агресивни

Насилството меѓу младите од училишните клупи се прелева на улица, во автобусите, дискотеките, а малолетниците-тепачи завршуваат во евиденцијата на МВР или судски одговараат за малолетничка деликвенција.

Во Основниот суд Скопје, заклучно со 30 јуни, како нерешени се водат вкупно 128 кривични постапки за малолетничка деликвенција и тоа 24 во 2012, а дури 104 за 2013 година.

Како се прелева насилството?

Еден од клучните наоди на последната компаративна анализа спроведена од Првата детска амбасада „Меѓаши“ за насилството во средните училишта е дека насилството од општеството се прелева во училиштата.

„Структурно, децата и младите се оставени сами на себе во општество каде што социјалната неправда што им се случува пред сè на семејствата и која е рамна на насилство им оневозможува на родителите да посветат доволно внимание на нивните деца“, вели Албулена Карага од програмата за Мировно образование на „Меѓаши“.

Според неа, сите општествени индикатори наведуваат на насилство. Се промовира култура на насилство, говор на омраза и неприфаќање на „другиот“ по која било основа.

НАСИЛСТВО: Стравот од различноста ги прави младите агресивни

„Говорот на омраза е присутен и во законодавниот дом и во собраниските комисии. Учебниците од кои учат децата и младите се полни со стереотипи и предрасуди по различни линии, а шегите што кружат често се базираат на нив. Моделите за справување со конфликти, што им се нудат на младите, често се насилни“,  вели Карага.

Според психологот Мирoслав Пендароски, агресивноста е вкоренета во човекот, а насилството е „слепо“. Разликата помеѓу малолетниците и возрасните е што оние луѓе кои се повеќе самосвесни емоционално и интелектуално речиси никогаш не посегнуваат по насилство.

– Мотивите за одредено насочување на насилство кон некого се несвесни особено кај младите и тие наоѓаат разни можности за негово „трошење“. Понекогаш, разликите можат да доаѓаат од класни, национални и други фактори што во време на големи економски и општествени промени се повеќе потенцирани – вели Пендаровски.

Целата анализа можете да ја прочитате на Telegraf.mk.

Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ