„Нашиот клас“ во израелска изведба вечерва на Скопско лето

Театарска претстава „Нашиот клас“ од Тадеуш Свобоѓањек, во режија на израелскиот режисер Ханан Снир, ќе биде изведена вечерва во 20:00 часот во Македонскиот народен театар, како дел од фестивалот „Скопско лето“.

„Нашиот клас“ се занимава со комплицираните врски помеѓу Полјаците и Евреите за време на Втората светска војна, а претставата минатата година многу успешно ја постави и Театарот за деца и младинци од Скопје, во режија на Владимир Милчин.

Претставата е локална и универзална, приказна која всушност се случува во селото Једвабне во Источна Полска. Десет деца, еден клас, фрагменти од нивниот живот, растејќи во ова мало полско село. Љубов и убиство, спомени и заборав, силување и сочувство, се мешаат во изразито драматичниот свет.

Иако претставата е базирана на локалниот погром, таа носи универзална порака за секое општество што не ги прифаќа другите, каде што децата растат во опкружување на нетолеранција, расизам и предрасуди.

Тадеуш Слобоѓанек е директор на театарот Na Woli Theatre и Dramatyszny Theatre во Варшава, а е раководител на Laboratorium Dramatu, лабораторија за пишување драми во Варшава.

Извор: Cooltura.mk