„NASA space apps challenge“ од 19 до 21 октомври

Сите ентузијасти за Земјата и Вселената, сите студенти, средношколци, претприемачи, програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, артисти, економисти, научници… може да се придружат и станат дел од семејството на „NASA Space Apps Challenge“, најмасовниот дводневен интернационален хакатон, организиран од НАСА. Хакатонот ќе се одржува по шести пат од 19 до 21 октомври во Скопје.

Како и секоја година, велат организаторите, НАСА поставува реални предизвици на кои ќе можат да работат тимовите, предизвици од различни категории. Овогодинешните категории се од областа Земја и Вселена.

Повеќе информации околу предизвиците ТУКА.

„Натпреварувај се за две награди истовремено!
1. На крајот на хакатонот, три победнички тима ќе бидат номинирани за награда. Овие три тима ќе снимат кратко демо видео за својот проект, за потоа да бидат оценувани од НАСА за глобален победник. Глобалниот победник ќе добие награда ПАТУВАЊЕ ВО NASA Kennedy Space Center во Флорида и ќе има можност да присуствува на лансирање на ракета!

2. За прв пат оваа година победничкиот тим на NASA Space Apps Challenge за Македонија, добива можност за директно учество и во акцелераторската програма „SPACE STARTUPS LAUNCHPAD“ – од хакатон до лансирање на Стартап компанија“, која ќе се реализира од страна на Њуменс Бизнис Акцелераторот и Голдилокс Фондацијата, со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија во периодот од ноември 2018 до мај 2019 година. Можност за учество во акцелераторската програма ќе имаат и учесниците на некое од минатогодишните изданија на NASA Space Apps Challenge во Македонија, а ќе можат да им се приклучат и нови членови на тимот. Најдобрите учесници од програмата ќе добијат поддршка за лансирање на стартап компанија и за учество во програми во САД за Space стартапи, како и можност за поврзување со инвеститори и корпоративни клиенти.

Дел од најиновативните корпорации во Македонија веќе ја најавија својата поддршка за време на хакатонот, како и можноста за соработка со стартап компаниите кои ќе бидат дел од акцелераторската програма со цел развивање на заеднички продукти.

Секој кој има желба за работа и сака да се надогради себе си, може да се пријви и да се здобие со нови искуства, вештини, нови пријатели и незаборавни забавни моменти .
Пријави се и не ја пропуштај можноста за присуство на лансирање на вселенско летало, како и “лансирање” на своја стартап компанија, на следниов ЛИНК, се вели во најавата за настанот.